„БМВ“ повлекува 750.000 автомобили во светот

Од:

Германскиот производител на луксузни автомобили „БМВ“ повлекува околу 750.000 возила ширум светот, заради можни проблеми со струјата, соопшти компанијата.

Повлекувањето, пред се, се однесува на околу 500.000 автомобили произведени во САД, односно на различни верзии на сериите 1 и 3, произведени меѓу март 2007 и јули 2011 година, како и на моделот „З4“ произведен меѓу март 2009 и јуни 2011 година, пренесоа агенциите.

Исто така, ќе биде повлечен дел од автомобилите продадени во Канада, Јапонија и Јужноафриканската република, наведе компанијата.

„БМВ“ ги повлекува автомобилите заради проблемот со конекторот за акумулатор, што може да пукне и да доведе до губиток на електрична енегрија во возилото, што, пак, доведува до тоа автомобилот непланирано да застане и на тој начин евентуално да предизвика судар.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on