БМВ очекува сериозно забавување на кинескиот пазар за автомобили

Од:

Германскиот производител на автомобили БМВ очекува растот на продажбата во Кина да му се преполови во текот на годинава.

Во 2017 година БМВ продаде за 15 проценти повеќе автомобили во Кина отколку во 2016 година. Но, порастот во 2018 година се очекува да биде меѓу 7 и 8 проценти.

Кинескиот пазар на автомобили, кој забрзано растеше во изминатите години, во првиот квартал од 2018 година порасна само за 2,8 проценти. Ова е значително забавување во споредба со 2016 година, кога побарувачката на сите видови автомобили во Кина порасна дури за 13,7 проценти.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски