Блок 2 на РЕК Битола ставен во функција по редовниот ремонт

Од:

Блок 2 на Термоелектраната „Битола” денеска повторно е ставен во функција, по 47 дена редовен ремонт.

– Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од месец и пол, соопшти АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола.

По редовниот ремонт на Блок 2 на Термоелектраната Битола, се вели во соопштението, следуваат ремонтни активности на Блок 3 што ќе траат до 15 октомври.

Претходно, во периодот од 10 мај до 25 јули годинава беше направен капитален ремонт на Блок 1 на РЕК Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината