„Блиц“: Русите извезуваат од Србија полски јаболка

Од:

Обвинителството, Министерството за внатрешни работи и Царината на Србија покренаа истрага против фирми, кои со фалсификувани документи се обиделе да извезуваат во Русија јаболка од Европа, пласирани како српски, пишува весникот „Блиц“.

– Станува збор за повеќе фирми. Пред се белградската „Агројом 77“ е очигледно наменски основана кон крајот на јануари со 500 динари основачки капитал. Од основањето на рускиот пазар се пласирани стотици тони јаболка. Постои сомневање дека зад оваа компанија стојат всушност руски државјани, иако таа се води на наш државјанин, Никола Тадиќ, изјави за весникот извор близок до Обвинителството.

Во Царината не соопштуваат за имињата на компаниите, кои ги фалсификувале документите за извоз. Весникот додава дека од Царината нагласуваат дека со месеци се занимаваат со тој проблем, а резултатите се видливи од пред десет дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија