Бизнисот сам си ја полни „новогодишната кошница“: Граѓаните ќе останат без акциските намалувања до 40% поради мерката на Владата

Од:

Владата му остави на бизнисот сам да си ја полни „новогодишната кошница“ со прехранбени производи со намалена цена од 10 отсто со што им овозможи на трговците во своја полза да добијат загарантирано повисоки цени, а граѓаните да останат без новогодишни промоции и акциски намалувања кои достигнуваа и до 40 отсто.

Акцијата „Моја кошница“ трае од 15 декември до 15 јануари и во тој период бизнисот има можност да вметне производи кои дополнително ќе се опфатат со акцијата намалување од 10 отсто. Но, поради оваа акција, шефовите на маркети не очекуваат дополнителни акции какви што обично се случуваат за Нова година со избрани производи со кои се полни новогодишната трпеза, а се навистина под цена.

На пример, кашкавал „гауда“ во скопскиот супермаркет „Дим“ беше намален од 459 на 359 денари во еднонеделна акција во месец ноември. По акцијата, тој доби нова цена од 469 денари, а сега истиот производ не е опфатен со „новогодишната кошница“, иако, според зборовите на продавачите е еден од најтрошените производи откако се наоѓа во маркетот.

Дел од производите во маркетите се намалени во рамки на акцијата „Новогодишна кошничка“ која ја спроведува Владата по предлог на бизнисот, но не се намалени и основните производи како зејтинот, шеќерот и јајцата, ниту пак млечните производи.

Повеќе на следниот линк

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана