Бизнисменот Миодраг Костиќ планира да го купи српски „Меркатор“

Од:

Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ, кој инвестира во Словенија, планира да го купи ланецот супермаркети „Меркатор С“.

„Меркатор“ е дел од хрватскиот гигант „Агрокор“, која се соочува со банкрот и истрага за измама.

Според Танјуг, Костиќ имал средби со австриски и италијански банки и ги откупил нивните побарувања кон „Меркатор“ вредни 28 милиони евра, а паралелно преговара со банки со цел да обезбеди уште 14 милиони евра за откуп на дополнителни долгови што „Меркатор“ ги има кон банки и други побарувачи.

Во Србија, „Меркатор“ е сопственик на големиот ланец супермаркети „Рода“.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он