На втората седница меѓу претставниците на власта и бизнисмените во Кичево, вниманието беше ставено на создавањето потребните услови за да се стави во функција индустриската зона, како и за големите каматни стапки на банките. Седницата беше дел од проектот на Министерството за Економија, кое во соработка со Министерството за земјоделството пред две недели отвори канцеларија за локален економски развој во Кичево.
За разлика од првата седница, која беше за претставување и запознавање со проектот, на денешната седница повеќе се зборуваше за конкретни работи и детали за кои фирмите се заинтересирани.
Бизнисмени отворено ја соопштија нивната загриженост во врска со лошите услови во индустриската зона. Според нив, оваа зона се соочува со лоши услови во инфраструктурата, недостаток на електрична енергија, водовод и канализација.
„Мислиме дека тоа не е добро за оние што во тоа зона веќе изградиле индустриски објекти и, штом ќе има услови, тие се подготвени веднаш да почнат со работа. Ве прашувам вас како министерство што можете да преземеме да ѝ помогнете на општината и заедно да создадете услови и тие претпријатиа да почнат со работа?“, праша еден од бизнисмените што беше присутен на седницата.
„Создавањето на потребните услови во оваа зона бил и ќе биде еден од плановите на општината и во минатото, а и сега. Ние не можеме да ви ветиме дека сè ќе средиме за краток период. Но, ви кажуваме дека сериозно ќе се занимаваме со ова и ќе најдеме решение. Тоа е битно и за нас, бидејќи ќе има и нови вработувања и ќе се помогне во разојот на градот“, рече Рамиз Реџепи, секретар на Општина Кичево.
На седницата се зборуваше и за можностите да се намалат каматните стапки на банките за претпријатијата. По завршувањето за седницата, претставниците на Министерството и пна Општина Кичево заедно ја посетија индустриската зона, која моментално е речеси нефункционална.