Бизнисмени од Визбегово: Арсовска не комуницира со нас откако е градоначалник, а и дадовме шанса пред избори

Од:

Претседателот на здружението на сопственици во индустриската зона Визбегово, Нухи Алиу, се пожали дека тие како сопственици на големи компании кои го полнат Буџетот, немаат никаков фидбек во интервенции во инфраструктурата во зоната.

– Не знаеме од каде да почнеме. Имаме проблеми затоа што зоната припаѓа на три општини, на Бутел, на Карпош и на Град Скопје. Оваа зона има 800 милиони евра приход годишно, има 40 милиони евра профит годишно, зона која има 5.000 вработени и која учествува во БДП со 7,5 отсто. Да се мисли повќее на зоната затоа што го полни буџетот на државата, треба да се направат елементарните услови за функционирање. Секој ден менуваме гуми поради лошиот пат. Има опасност од инциденти со оние шахти кои се монтирани на патот. Наместо со асфалт, правени се со бетон, а тука поминуваат тешки возила.

Имавме иницијатива заедно со комората и пуштивме едно писмо до Данела Арсовска и инсистиравме со неа да имаме комуникација, но немаме комуникација со неа. Ние пред изборите и дадовме шанса да ни ги каже своите определби и рече дека во нејзината изборна програма нашите проблеми ќе бидат вметнати и ќе ги реши во текот на мандатот – рече Алиу.

Би можело да ве интересира

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

Арсовска со подароци кај првороденото бебе во 2025 година

Катерина Ѓуровски

Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата

А1он

Арсовска: Кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани

А1он

Ѓорѓиевски: Немам прецизна информација дали на Градот ќе му бидат одземени ингеренциите за ЈСП Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот уште не е поднесен, а каде заглавил знае само Арсовска