Биткоинот за десет години ќе има вредност од 50.000 долари

Од:

Вредноста на биткоинот во следните десет години ќе се зголеми на 50.000 долари, тврди аналитичарот Рони Моан.

Тој истакна дека за пет години неговата пазарна вредност ќе ја надмине пазарната капитализација на „Епл“.

– Луѓето мора да почнат сериозно да ги сфаќаат работите, бидејќи биткоинот го стигна „Голдман Сакс“, а за пет години ќе го достигне и „Епл“, чија пазарна капитализација надминува 800 милијарди долари, изјави Моан од компанијата „Стендпоинт рисрч“.

Актуелната пазарна вредност на биткоинот е над 95 милијарди долари, според податоците на CoinMarketCap.com, пазарната вредност на американската банка „Голдман Сакс“ е 93,51 милијарда долари, а на „Епл“ се движи околу 807,89 милијарди долари.

Иако постои скептицизам во врска со биткоинот, во вторникот со криптовалутата се тргувало по цена од 5.700 долари.

На почетокот од годинава, кога со биткоинот се тргуваше по цена од 2.600 долари, Моас тогаш предвидуваше дека неговата цена ќе достигне 5.000 долари.

Би можело да ве интересира

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Руските компании почнаа да користат биткоин поради западните санкции

Горан Наумовски

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки

ВИДЕО: Биткоинот првпат во историјата ја надмина границата од 100 000 долари

Втора измама за биткоини во Куманово за само една недела

Вредноста на биткоинот надмина 86.000 долари