Битиќи: Законот за солидарност е потреба за населението, како Влада немаме како да отстапиме, предлогот е веќе испратен во Собранието

Од:

Законот за солидарност е потреба за населението. Тие пари нема да одат за никакви други активности, туку за да им се помогне на оние на кои им е најпотребно, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Сите чекори што Стопанската комора може да ги преземе се легитимни, а потоа и институцијата Претседател на државата и институцијата Уставен суд, ако сметаат дека е моментот да постапат како што Комората вчера укажа, може тоа да го направат. Ние како Влада немаме како да отстапиме затоа што предлогот е веќе испратен во законодавниот дом, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Макпрогрес“.

Стопанската комора на Северна Македонија преку Клубот 100, упати допис до претседателот на Собранието, премиерот и до министерот за финансии со кој бараат да запре донесувањето на законот за данок на солидарност, по итна постапка со европско знаменце. Против предложеното законско решение денеска се изјасни и Стопанската комора на северозападна Македонија, а лидерот на опозицијата најави дека во понеделник на собраниската Комисија за европски прашања ќе побараат јавна расправа за законот.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и денеска порача дека Комората ќе ги искористи сите средства што и стојат на располагање за да го спречи донесувањето на Предлог-законот за данок на солидарност.

-Ќе одиме до крај зашто мислиме дека нашите аргументи се издржани и ќе ги искористиме сите средства во Парламентот, кај претседателот на државата и кај Уставниот суд, изјави Азески во одговор на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Битиќи чувал класифицирани документи дома во сеф?

Ограбен домот на Фатмир Битиќи, земен сеф со злато и пари

Битиќи: Западен Балканот не смее да остане заробен во поделби и недоверба

А1он

Битиќи: Граѓаните тонат во сиромаштија, пратениците да го прифатат предлогот на СДСМ за ДДВ на струја и храна

(ВИДЕО) Битиќи: Поднесуваме закон за намалување на ДДВ за струја на пет отсто и укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски