Битиќи: Секое нелогично зголемување на цените ќе биде санкционирано

Од:

Од 1 март ќе престанат да важат загарантираните цени во супермаркетите и граѓаните стравуваат дека повторно ќе купуваат скапи основни прехранбени производи. Вцепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порача дека секое нелогично зголемување на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано.

„Доколку не се донесе законот за нефер трговски практики соодветно ќе реагираме. Секое нелогично зголемување на цените, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано, што тоа ќе значи, знаеме од минатото“, кажа Битиќи.

Тој оценува дека конечно, лекцијата кај трговците е научена.

„Ние сметаме дека конечно лекцијата е добиена, дека во државата освен правење на бизнис и креирање на профит мора да има морал и етика кај компаниите. Сметам дека замрзнувањето на цената не е една од мерките која што соодветствува со пазарната економија, оценувам дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење а на бизнисмените им останува соодветно да се однесуваат. Тоа нема да значи дека еве ако во Собранието нема разум за носењето на Законот за нефер трговски практики дека ние нема да реагираме“, кажа Битиќи.

Според него, конечно е дојдено времето секоја една институција соодветно да реагира.

„Комисијата за заштита од конкурентност како и Здружението за заштита на потрошувачите се најповиканите кои треба да реагираат секогаш кога имаме вакви случувања. Секако ние како Влада дадодвме еден предлог, тој е во собраниска процедура а тоа е законот за нефер трговски практики кој не знам зошто не е изгласан“, истакна вицепремиерот.

Би можело да ве интересира

Не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити, вели Мицкоски

СДСМ: Граѓаните се ограбени од големите трговци со амин на Мицкоски

Одредени трговци си играат со трпението на граѓаните, но и на Владата, вели Мицкоски

СДСМ: Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните

(ВИДЕО) Битиќи: СДСМ е против алармантните измени на Законот за јавни набавки, бараме јавна расправа

Горан Наумовски

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски