Битиќи: Реквалификација на работната сили или привлекување работници од странство за да останат конкуренти домашните компании

Од:

Привлекување работници од странство или доквалификација на домашните работници треба да се прави за да не се влоши состојбата со недостиг на работен кадар, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по посетата на компанијата за производство на стакло „Глас Флекс“ во Тетово.

Ова, како што нагласи Битиќи, треба да се прави за македонското стопанство да биде конкурентно поради новата ера на индустријализација.

-Не можеме да останеме да нашите стопанственици останати неконкуретни. Кога другите земји во регионот па и во европска унија го прават истото, во Србија, Албанија, Црна Гора, Босна па и Косово веќе има работна сила која што доаѓа од дали е од регионот или од далечните региони, затоа што компаниите мора да забрзаат во креирање на својата конкурентност и нормално зафаќање на новите новите пазари. Ако ова не го направиме за две до три години, за жал ќе биде уште состојбата потешка затоа што доста од компаниите ќе треба да затворат затоа што не можат едноставно да издржи и затоа велиме дека евентуалниот увоз тоа го викаме либерализирање на пазарот на труд овозможува да се зголеми конкурентноста на нашите компании за да креираат нови работни места, а секако нашите граѓани секогаш ќе бидат на првенствено место. Но заедно со нив треба да работиме на нивна доквалификација, истакна Битиќи.

„Глас Флекс“ работи во рамки на тетовската технолошко-индустриско развојна зона. Менаџерот на фабриката Гоце Пешов посочи дека иако имаат добри плати, не можат да најдат работници, особено квалификувани кадри. Тој вели дека помошта што ја дава државата треба да се насочи и кон оваа област.

-Имаме доста проблеми со обучени кадри кои во моментот недостасуваат во нашата држава. Подготвени сме секогаш за нови кадри-оператори што може да работат на ваков тип машини. Дури и овде очекуваме некаква помош од државата која може да делува на носење кадри и од странство по потреба. Ние имаме во моментот околу 60 вработени, а на годишно ниво имаме потреба од зголемување на работната сила од 25 посто. Сите оператори што се на машините се обучени, но потребни се уште обучени кадри за да можеме да работиме и во повеќе смени, истакна Гоце Пешов.

Битиќи дополни дека ќе мора да се работи на преквалификација на работната сила за да одговора на новите текови во економијата и индустријализацијата.

-Само за за споредба, 57 отсто од невработените регистрирани како активни баратели на работа сила во Агенцијата за вработување се со незавршено или со основно образование. Над 17 проценти се со незавршено или завршено средно образование, тоа не носи до скоро 75 посто од активните баратели на работна сила кои имаат до средно образование. Со нив треба да работиме на реквалификација или и доквалификација за одредени работни работни места, рече Битиќи и потсети дека на крајот на 2022 година се исплатени рекордни 23 милиони евра државна поддршка на 410 компании.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница