Битиќи: Покачување на цената на струјата мора да има, но ударот за граѓаните да биде поблаг е императив за Владата

Од:

Зголемувањето на ДДВ за струјата од 5% на 10 % од следната година ќе значи и ново поскапување на струјата за граѓаните. Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека покачување мора да има, но внимаваат ударот за граѓаните да не биде голем.

„Свесни сме дека енергетската криза е овде, дека одредено покачување мора да има, но колку што е можно поблаг да биде ударот кај граѓаните, сметам дека тоа е императив за Владата“, вели вицепремиерот Битиќи.

Тој објасни дека зголемувањето на данокот за струјата е само една од ставките кои влијаат на цената на струјата што ја плаќаат граѓаните и дека во моментов се прават пресметките, но конечна цена се уште нема.

„Ние се уште ги правиме пресметките што значат инпутите за следната година затоа беа преземени мерките, веќе година и пол за инпутот во дефинирање на цената следната година да не биде на удар на самите граѓани. Ние нудевме цена на електрична енергија од страна на ЕСМ кон ЕВН со многу пониска цена, субвенционирана од страна на Владата. Тоа може да биде една од работите за да се амортизира евентуалното зголемување но далеку сме се уште, треба да ги согледаме сите параметри, а секако Регулаторна да одреди кое и какво ќе биде влијанието“, рече Битиќи.

Зголемувањето на ДДВ за струјата од 1 јануари следната година го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. Данокот од 18 отсто беше намален на 5 отсто во јули минатата година со измени на Законот за додадена вредност, а Владата на почетокот на годинава, пак, рече дека ако цената на струјата на берзите и натаму е висока, можно е ДДВ-то за струјата да не се зголеми на 10 отсто.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори