Битиќи на средба со ССК: Владата е отворена за сите конструктивни предлози од бизнис секторот

Од:

Владата ќе биде отворена за сите конструктивни предлози кои произлегуваат од бизнис секторот, порачал вицепремиерот за економски прашања и координација на економските сектори Фатмир Битиќи на денешната средба со делегација на Сојузот на стопански комори предводена од претседателката Данела Арсовска.

На средбата, како што соопшти неговиот Кабинет, Битиќи потенцирал дека во моментот во фокусот на Владата е креирањето на сеопфатен и квалитетен четврт сет на мерки за поддршка на граѓаните и на стопанството, кој најдобро ќе ги рефлектира потребите на најпогодените групи за надминување на кризата предизвикана од Ковид-19.

– Поддршката на микро, малите и средни компании, кои се најважниот дел на нашата економија, ќе биде значителна, а особен фокус е ставен токму на оние сектори кои се најпогодени од кризата, истакнал Битиќи.

Според него, активно се работи и на мерки со кои, по завршување на кризата, економијата ќе расте со забрзано темпо. За таа цел, плановите се да се поддржуваат старт ап компаниите и да се креираат мерки за поддршка за технолошки развој и воведување на иновации за да се подигне конкурентноста на фирмите на домашниот и меѓународните пазари.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Министерството за економија е неспособно да се справи со економската криза

Горан Наумовски

МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

А1он

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ