Бислимоски: Водовод побара да ја поскапиме цената на водата, ние ќе предложиме да се намали

Од:

„Сите бевте информирани дека барањето од Водовод Скопје е поднесено во текот на месец ноември и тоа е доставено и до медиумите. Ние не сме тука да се натегаме со водовод дали поднеле или не поднеле барање. Фактите се јасни. Ние донесовме одлука согласно нивното барање. Имајќи предвид дека цената на електрична енергија за јавните комунални претпријатија е субвенционирана од државата и таа субвенција ќе продолжи и во наредните месеци, согласно моите информации ќе има корекција на минималната цена што ќе ја донесеме во четврток што ќе значи предлог за намалување на цената за вода во град Скопје, додека максималната ќе биде таква каква што е“, напиша на социјалните мрежи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

„Значи оставаме на Водовод Скопје и нивниот управен одбор да донесе одлука врз основа на нашата предлог одлука, а потоа таа треба да се испрати до советот на Град Скопје каде што се носи конечна одлука.

Јас верувам дека ова ќе биде поука за сите останати јавни комунални претпријатија дека, кога ќе поднесат барање, треба да останат на тоа барање, а не да политизираат. Ние ниту се скривме позади нашата одлука и нашата одлука ја донесовме во рамките на една нормала.

Ова верувам дека ќе биде поука и за сите други јавни водоводни комунални претпријатија. Како што доаѓаа во Регулаторната комисија и се жалеа дека имаат висока цена за електрична енергија, а ние бевме институција што во целиот процес не гледавме кој од каде е, апсолутно ги поддржавме за овие јавни комунални претпријатија да имаат субвенционирана цена и таа сега ја користат.

Ги разгледуваме сега барањата, има и Кочани, и Ресен и Охрид поднесено. Во Охрид, нивното барање за зголемување на водата е од околу 70%. Треба пред да го поднесеш барањето да мислиш. Што да направиме? Да ја зголемиме цената за 70% за да може јавните претпријатија да бидат фабрики за вработување? И до кај ќе тераме? На крај ќе немаме вода“, додаде Бислимоски.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on