Бислимоски: Струјата за домаќинствата ќе поскапи за 4,72% ако ги прифатиме сите барања на ЕВН, МЕПСО и Електродистрибуција

Од:

Барања за промени на цените од 1 јануари во Регулаторна комисија за енергетика досега поднеле АД МЕПСО за пренос на струја, Електродистрибуција за дистрибуција на електричната енергија и ЕВН Хоме за универзално снабдување, а ако РКЕ ги прифати сите нивни барања, цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе се зголеми за четири проценти или за 4,72% ако се вкалкулира и враќањето на ддв-то од пет на десет отсто.

Во следните неколку дена РКЕ ќе ги разгледа сите барања на компаниите и ќе донесе одлука дали ќе ја покачи цената за овој процент или ќе има помала корекција на цената во однос на периодот од јули до декември 2022.

– Досега барања поднесоа АД МЕПСО за пренос на струја, Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија и ЕВН Хоме за универзално снабдување на струја.

МЕПСО имајќи во предвид дека денеска ќе биде тендерот за електрична енергија, оди со цена за набавка на загуби до 220е за мегават-часови и во своите калкулации побарал зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 29,75 отсто.
Количните за технички загуби на струја во дистрибутивната мрежа се обезбедени од ЕСМ по цена од 110 евра за мегават-час и врз основа на тоа ЕВН Дистрибуција бара намалување за нејзината услуга од 2,8%.

ЕВН Хоме за првите шест месеци од 2023 распиаш тендер за набавка на електрична енеефгија на кој единствен понудувач е АД ЕСМ со цена од 56 евра за мегават/час. Потребите за увоз на струја за домаќинства и мали потрошувачи. Ова е зголемување од 16,67 отсто во однос на претходната цена.

Но со фактот што нема увоз на струја и дополнително што трошокот за обновливи извори е префрлен на слободниот пазар за да им се помогне на тие компании таму, просечната набавна цена на регулирануиот пазар за малите потрошувачи и домаќинствата споредено со претходната одлука има зголемување од само пет проценти. Уште од сега можам да потврда мдека трошокот за дистрибуција на елекртрична енергија че биде намален, а блоковите ќе останат исти засега – рече Бислимовски на прес-конференцијата.

Тој ја искористи можноста да им се заблагодари на луѓето во ЕСМ и на вработените во ТЕЦ Неготино затоа што производствен капацитет од 1979 година успеале после 43 години да го активираат и денеска да работи со двата котли.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите