Бислимоски: Допрва доаѓаат месеци во кои што температурата ќе биде пониска, неопходно е рационално трошење на сите енергенси

Од:

Грејната сезона започна согласно правилата за снабдување и мрежните правила за 60 илјади потрошувачи, додека снабдувањето со електрична енергија за 611 илјади домаќинства во изминатиот период е стабилно, но и покрај тоа неопходно е рационално трошење на енергенсите, посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на редовен месечен координативен состанок со енергетските компании.

„Енергетската состојбата во Европа е комплексна, секоја држава ги моделира решенијата врз основа на солидарност – помагање едни со други и рационално трошење на електричната енергија. На состанокот разговаравме за трите постулати врз основа на кои се менаџира состојбата: остварување на планираното зголемено производство за електрична енергија што подразбира 100% покривање на потребите за домаќинствата и малите потрошувачи како и вишок енергија што ќе биде насочена кон стопанството. Паралелно, на состанокот се оцени како позитивна таргетираната помош за ранливите категории – иницијатива на РКЕ и препорака на Енергетската заедница. Координираните системски мерки ќе помогнат да се амортизира состојбата и да им се помогне на оние кои што им е најпотребно. Допрва доаѓаат месеци во кои што температурата ќе биде пониска, затоа неопходно е рационално трошење на сите енергенси“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

На состанокот беа присутни претставници од енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН ХОМЕ, Електродистрибуција и МЕМО.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

A1on

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

A1on

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

A1on