Бинзис – средби на македонски стопанственици во Будва

Од:

Средби со стопанственици од повеќе земји оствари денеска делегацијата предводена од Стопанската комора на Македонија на маргините на конференцијата „Предизвиците на патот кон Европската унија“ во Будва.

Целта на средбите, како што соопшти Комората, е воспоставување нови деловни контакти и продлабочување на веќе етаблираната соработка.

Конференцијата во Будва што ја организира Стопанската комора на Црна Гора во соработка со Министерството за наука е еден од најважните регионални економски настани, на која присуствуваат околу 500 учесници – високи државни претставници од земјите од регионот, како и врвни експерти од областа на економијата, политиката, образованието и науката.

Македонската бизнис делегација во состав: Минчо Јорданов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД – Скопје, Светозар Јаневски, генерален менаџер на „М6 инвестиции“, Доне Таневски, претседател на Бордот на директори на „Македонијатурист“ АД – Скопје, Страшо Милковски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на АД „Гранит“, Живко Мукаетов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД и Никола Битрак, генерален менаџер на „АФ Консулт“,…, ја предводи претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски