Binance издвојува 400 милиони долари за поддршка на корисниците и обновување на довербата во крипто пазарот

Од:

Најголемата светска крипто-платформа Binance ја претстави иницијативата „Together“, вредна 400 милиони американски долари, со цел да им помогне на индивидуалните корисници и институциите кои беа погодени од неодамнешните флуктуации на пазарот.

Иницијативата претставува чекор кон стабилизирање на крипто-индустријата и враќање на довербата во дигиталните финансии. Средствата се распределени во два фонда:

  • 300 милиони долари во USDC стабилна валута– корисници кои претрпеле загуби од принудна ликвидација преку фјучерси и тргување со маржи во периодот од 10 до 11 октомври 2025 година. За да се квалификуваат, корисниците треба да имаат загуба од најмалку 50 американски долари, што претставува најмалку 30% од нивниот вкупен биланс на сметката. Исплатите ќе се извршат автоматски, во рок од неколку дена, директно на Binance сметките на корисниците.
  • 100 милиони долари институционален фонд – наменет за партнери и институции кои биле сериозно погодени од пазарните осцилации. Фондот ќе нуди краткорочни заеми со ниски камати, а апликациите се достапни преку менаџерите на сметки за VIP и институционални клиенти.

Од Binance објаснуваат дека, иако компанијата не е директно одговорна за индивидуалните загуби, иницијативата е дел од поширокиот напор да се поддржи заедницата и да се поттикне доверба во крипто секторот.

„Нашите корисници секогаш се во сржта на сè што правиме. Без нивната поддршка Binance не би постоел. ‘Together Initiative’ е наш начин да покажеме дека стоиме зад заедницата, дури и во најтешките моменти“, стои во соопштението на компанијата.

Binance потсетува дека тргувањето со дигитални средства вклучува висок степен на ризик и ги охрабрува корисниците внимателно да управуваат со своите позиции и да инвестираат одговорно.

Оваа иницијатива доаѓа во време кога криптовалутите бележат значителни флуктуации, што негативно влијае на корисниците, институциите и довербата во целиот пазар. Проактивниот пристап на Binance може да се гледа како обид за стабилизација и реафирмација на лидерската позиција на пазарот.

Би можело да ве интересира

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Binance останува посветен на своите европски корисници и ќе продолжи да работи во согласност со важечките закони

Fortune Crypto 100 го вбројува Binance меѓу најголемите глобални сили во индустријата

Горан Наумовски

Крипто-пазарот забавува во мај, но новите пазарни теми продолжуваат да добиваат сила

Горан Наумовски

Ји Хе стана првата извршна директорка од крипто-индустријата која се најде на листата на Fortune за најмоќни жени во бизнисот

Предраг Петровиќ

Измами, синтетички идентитети и дипфејк содржини: како Binance ја преобликува усогласеноста

Катерина Ѓуровски