Без напредок завришија преговорите меѓу САД и Кина

Од:

Преговарачите на САД и Кина ги завршија двонеделните трговски преговори без напредок.

Делегациите разменија ставови за начините за достигнување правичност, баланс и реципроцитет во економските односи, соопшти Белата куќа.

– Го почитуваме тоа што кинеската делегација дојде во САД да учествува на овие состаноци, се наведува во соопштението на портпаролката на Белата куќа, Линдзи Волтерс.

Двете делегации разговараа за решавање на структурните проблеми во Кина.

Спорот меѓу двете најголеми светски економии, кој избувна откако претседателот на САД Донлад Трамп ја обвини Кина за крадење интелектуална сопственост на американски компании, ескалира вчера откако стапија на сила дополнителни повисоки царини за увоз на автомобили, фабрички направи и друга стока во вредност од над милијарда долари, со што се заостри трговскиот спор меѓу двете водечки светски сили.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски