Без дoговор со кредиторите Грција не може да го врати долгот кон ММФ

Од:

Грција нема да успее да изврши исплата ба долгот кон Меѓународниот монетарен фонд. чиј рок на доспевање е 5 јуни, без спогодба со нејзините меѓународни кредитори, изјави денеска потпаролот на парламентарната група на грчката владејачка партија СИРИЗА, Никос Филис.

Атина е соочена со исплата на неколку долгови со вкупна вредност од 1,5 милијади евра кон ММФ следниот месец и преговара со Европската унија и Фондот, за да издејствува договор за помош во замена за реформи пред да остане без ликвидни пари.

– Сега е моментот кога преговорите созреваат. Сега е момент на вистината, на 5 јуни, изјави Филис. – Доколку нема спогодба дотогаш, која ќе се занимава со актуелните финансиски проблеми, тие нема да добијат никакви пари, додаде тој.

Преговорите на Грција со кредиторите од ЕУ и ММФ се водат веќе четири месеци. Успешното финализирање би подразбирало помош во износ од 7,2 милијарди евра, но преговорите заглавија околу реформите за пензиското осигурување и пазарот на трудот, предложени од кредиторите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит