Претставници на Опек настојуваа на состанок во Виена Русија дополнително да се намали производството за да се зголемат цените на нафтата кои од почетокот на годината се намалија за петтина поради епидемијата со новиот коронавирус.
Извори од Опек нагласуваат дека на состанокот не е постигнат договор бидејќи Русија се залагала до крајот на вториот квартал на годината производството да остане на сегашното ниво.
Саудиска Арабија предлага во вториот квартал да се намали производството на нафта за дополнителни милион до 1,5 милиони барели дневно, а до крајот на годината да остане на сила сегашното намалување од 2,1 милиони барели по ден.
Според западни медиуми, рускиот министер за енергетика Александар Новак го напуштил состанокот и се вратил во Москва на дополнителни консултации. Се очекува негово враќање во Виена в петок.
Русија е загрижена поради порастот на производството на нафта во САД кои не се членка на Опек и кои зголемија производство на нивна штета.