Словенија во наредните пет години ќе има потреба од 12 милијарди евра од Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) доколку не успее да ги спроведе предвидените реформи, оцени во вторникот финансискиот аналитичар Андраж Грахек.
„Доколку не ги спроведеме реформите, во прв ред пензиските, во наредните две години ќе загуби пристап до меѓународниот пазар на обврзници. Тоа би значело дека од ЕСМ ќе треба да се побара помош од 12 милијарди евра за финансирање на буџетот и сервисирање на долгот“, изјави Грахек.
Во тој случај, појаснува Грахек, Словенија ќе треба да прифати и петгодишна програма на рестрикции и многу поголеми реформи, од оние што сега ги предлага владата на Јанша.
„Реформите не можеме да ги избегнеме, само е прашање кој и кога ќе ги спроведе“, вели словенечкиот аналитичар кој често е цитиран и од странски агенции и медиуми.
Словенечкиот министер за финансии Јанез Шуштарич во понеделникот изјави дека Словенија за сега не размислува да бара помош од новиот фонд.