Бесими: Во услови на криза по криза се реализираат инфраструктурни проекти што ќе го поддржат економскиот раст

Од:

Ние од денеска сме сведоци дека ЕУ станува реалност и секој ден сме поблиску до ЕУ семејството. Денеска започнуваме еден проект кој е директно поврзан со поддршката од ЕУ, со европски грант од програмата за Западен Балкан. Ова се проекти кои ќе овозможат да се поврземе со соседни земји, од една страна со Бугарија и од друга со Албанија, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими во своето обраќање на прес-конференција по повод потпишување на договорите за изградба на првата и втората фаза од проектот за железничко поврзување со Република Бугарија на Коридор 8 и рехабилитација на дел од пруга на Коридор 10.

„Развојот на нашата земја поврзано со инфраструктурата долж Коридорот 8 и Коридорот 10, како главни инфраструктурни проекти што ја прават нашата земја крстосница на овие европски коридори. Тоа значи поголем бруто домашен производ, подобра иднина, поголем развој на туризам и поквалитетен живот и помалку загадување“, потенцира Бесими.

Со ова, како што додава Бесими, се потврдува дека делот од јавниот долг што се финансира преку кредити, како што се поволните кредити од ЕБОР и грантот од ЕУ, „ни дава можност да реализираме вакви значајни проекти кои не само економски туку и политички се исклучително важни во овој период“.

Министерот Бесими, притоа нагласи дека со ребалансот на Буџетот се предвидени 520 милиони евра за капитални расходи, што е 11 проценти од вкупните расходи во Буџетот.

„Ова е историски највисоко ниво како структура на расходната страна на Буџетот, но и во номинален износ историски е највисок, во период кога од 2020 година навака се соочуваме со последователни кризи. И сега во ек на енергетска криза и инфлација продолжуваме со реализација на овие проекти“, вели Бесими.

Би можело да ве интересира

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Бесими: Минатата година највисока реализација на капиталните инвестиции

Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година, тврди Бесими

Бесими: Трезорот ќе работи, правата на вработените ќе ги оствариме согласно законите

Бесими: Општествениот консензус можност за „економско чудо на Балканот“

Бесими: Со 560 милиони евра од ЕИБ, ЕБОР, ЕУ и ИПА го заокруживме финансирањето на деценискиот проект за изградба на железницата кон Бугарија