Од утре повисоко ДДВ за струјата: Бесими тврди дека тие што трошат помалку, помалку и ќе плаќаат

Од:

Мерките постојано се прилагодуваат на нивото на кризата и обликот на кризата во којашто се наоѓаме и цените што сакаме да ги постигнеме. Со новата методологија се дава можност да се направи таква структура на потрошувачката за да се мотивира штедењето. Не само цената, туку и потрошувачката е дел од тоа.

Ова е одговорот на министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со завршувањето на мерката за примена на повластените стапки на ДДВ кај електричната енергија за домаќинствата.

Бесими посочи дека Владата му дала препорака на АД ЕСМ да оди со пониска цена од цената на чинење и дека тоа де факто значи субвенционирање на цената на електричната енергија во оваа фаза. Дополнително, воведувањето на четири блок-тарифи, според Бесими, значи дека оние кои имаат помало ниво на трошење, имаат пониска цена така што ефектот од престанувањето на важењето на повластените стапки во некои групи ќе значи и намалување, односно во некои групи нема да има раст на цената.

– Бидејќи веќе има и нова методологија, која е воведена од страна на РКЕ, која всушност се редизајнира како што најавивме и тогаш, значи мерките постојано се прилагодуваат на нивото на кризата, и обликот на кризата во која што се наоѓаме и цените што сакаме да ги постигнеме. Со новата методологија се дава можност да се направи таква структура на потрошувачката, да се мотивира штедењето. Второ, воведувањето на четири блок тарифи значи дека оние кои имаат помало ниво на трошење, имаат пониска цена, рече Бесими.

Би можело да ве интересира

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ