Капиталните инвестиции во наредната година не само што се зголемуваат како износ, туку ќе воведеме и механисми за нивна поголема реализација, ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.
– Во буџетот за 2021 година има за 20 отсто поголем износ на капитални инвестиции во однос на последниот ребаланс и се 9,4 отсто од вкупните расходи во буџетот, кој се отприлика 4 милијарди евра, рече министерот и додаде дека не само што се зголемуваат во износ, туку ќе се воведат и механизми за нивна подобрување на реализацијата.
Како што појасни механизмот кој ќе се воспостави предвидува на буџетските корисници кои на квартално ниво ќе покажат помала реализација да им се одземат средствата и да се пренасочат кон оние проекти кои имаат поголема реализација. Доколку во нареден квартал оние буџетски корисници на кои им биле одземени средствата направат подобра реализација, тие ќе им бидат вратени.
Бесими напомена дека кон подобра реализација треба да придонесе и нациоанлниот инвестициски комитет кој ќе се координира на ниво на Влада за да се зајакнат инвестициите во инфраструктурата.
– Буџетот и покрај тоа што е буџет во година на ковид каде прв приоритет е здравството и здравјето на граѓаните, второ е опоравување на економијата и дава долгорочна и среднорочна перспектива на забрзан и одржлив развој, истакна Бесими.