Безоловниот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ ќе бидат поевтини за 4,50 денари за литар.
Од утре, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 78,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 пак 80,50 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар, односно за два денари, па така дизелот ќе изнесува 72 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе лини 60,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,863 денари за килограм и ќе изнесува 42,417 денари за килограм.