„Bentley“ го најави редизајнираниот „Flying Spur“ за Салонот во Женева

Од:

„Bentley“ со кратко видео и скица на профилот на автомобилот ја најави премиерата на редизајнираниот модел „Continental Fluing Spur“.

Откако го освежи „Continental GT “ купе и „Continental GTC“ кабриолет, а потоа ги претстави и нивните унапредени „Speed“ верзии, на ред за затегнување на брчките дојде и луксизната лимузина „Fluing Spur“.

„Bentley“ за почеток објави видео во кое се прикажани и некои детали од внатрешноста и надворешноста на рестилизираниот автомобил. Редизајнот на „Bentley Fluing Spur“ ќе ги опфати стилските промени на предниот дел од автомобилот, слични на оние што беа изведени на моделите „ Continetal GT“ и „Continental GTC“, а се очекуваат значителни новини и во кабината.

Најважната промена се најавува во палетата на мотори, каде „Fluing Spur“ треба да добие 4.0 литарски твин-турбо V8 со 507 КS и 660 Nm максимален обртен момент.

Моторот би бил поврзан со осумбрзински автоматски менувач, а силата би се пренесувала на сите тркала.

Официјалната светска премиера на новиот „Continental Flying Spur“ е закажана за Саемот на автомобили во Женева 2013, но првите технички детали „Bentley“ ќе ги соопшти веќе на 20 февруари.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on