Бектеши: Во корона кризата исплатени 140 милиони евра – 40 милиони за граѓаните и 100 милиони евра за фирмите

Од:

Економската криза која што ја предизвика пандемијата од Ковид 19 врз македонската економија, ефектите кои ги дадоа трите пакета мерки за поддршка на граѓаните и на економијата како и најавениот четврт пакет помош се мерките кои ги презема Владата за кои денеска говореше министерот за економија Крешник Бектеши на 4-тата Меѓународна конференција за бизнис и информатичка технологија која ја организира Универзитетот на ЈИЕ во Скопје.

-Првиот и Вториот пакет мерки ги донесовме брзо, навремено и реагиравме веднаш се со цел да им помогнеме на најпогодените сектори во економијата и најпогодените граѓани, да го зачуваме секое работно место и да спречиме оваа криза да предизвика поголеми штети врз економијата. На почетокот на летото како што се продлабочуваше кризата, го донесовме и Tретиот пакет мерки. Тој имаше главна цел, преку финансиска инекција, преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството да ја рестартираме економијата, истакна министерот Бектеши.

Тој во своето обраќање информираше дека бизнис секторот позитивно одговорил на креираните мерки. Тоа според него го покажува податокот што од вкупно 500 милиони евра предвидени за поддршка на економијата досега се реализирани и исплатени околу 140 милиони евра од кои приближно 40 милиони евра беа исплатени за граѓаните, а 100 милиони евра како финансиска поддршка беа исплатени за фирмите.

-Целта на овие мерки за бизнисот беше преку задржување на ликвидноста на стопанството да се обезбеди неговото нормално функционирање и да се поттикне економската активност – фирмите можат да ги сервисираат своите редовни обврски, но и да преземаат инвестициски активности што е од големо значење за надминување на кризниот период, порача Бектеши.

Министерот информираше дека во моментов интензивно се работи на подготовка Четвртиот пакет економски мерки.

-Четвртиот сет мерки е нашиот приоритет. Од првиот ден на новата Влада имаме консултации со сите чинители со цел да креираме мерки кои најбрзо и наједоноставно ќе можат да бидат искористени и реализирани. Со четвртиот пакет мерки ќе целиме да помогнеме и на секторите во кои претходно и можеби немаше дадено помош.Со четвртиот пакет мерки ќе бидат опфатени најсиромашните, со цел да ја зголемиме нивната потрошувачката моќ, но и на компаниите за да даваат плати. Ќе продолжиме со помошта за платите во најпогодените сектори. Четвртиот сет мерки ќе биде значајно поголем пакет мерки бидејќи ќе опфати повеќе категории на граѓани, но и ќе биде сет емрки кој ќе се реализира до крајот на оваа година, потенцираше министерот.

На конференцијата свое обраќање за здравствено економската криза предизвикана од пандемијата имаше и Ректорот на Униврзитетот на ЈИЕ, академик Абдулменаф Беџети како и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Не коментирам изјави на политички маргиналци, вели премиерот Мицкоски

Бектеши ја оценува кривичната пријава како политичко заплашување, ја објави пораката што ја испратил

Усвоената листа на производи за спречување нефер трговски практики дополнително ќе ја намали инфлацијата, најавува Бектеши

Бектеши: Очекувам наредната влада да ја ревидира одлуката за да нема зголемување на цената на електричната енергија

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

A1on