Бектеши: Трансформацијата на енергетскиот сектор ќе продолжи со уште позасилено темпо

Од:

Во наредните четири години со уште позасилено темпо ќе продолжи трансформацијата на енергетскиот сектор со цел да го спроведеме амбициозниот план до 2024 година над 50 отсто од вкупната инсталирана електрична моќност во нашата држава да биде од обновливи извори на енергија со што ќе ја зацврстиме нашата енергетска независност и стабилност со нови производни капацитети за електрична енергија и нови енергетски интерконекции со нашите соседи, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Ќе продолжам да работам со засилено темпо на државна енергетска трансформација која што ја започнав во изминатиот период со која секој наш граѓанин ќе добие можност да биде енергетски производител и, секако, корисник на еколошки чиста и поевтина енергија. Наш приоритет ќе биде модернизација и трансформација на ТЕЦ Неготино, во постројка која ќе користи природен гас и ќе обезбеди можности за зголемено земјоделско производство, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Во претходниот мандат, потсети, започнавме со реализација на инвестиции во фотоволтаични електрани.

-Нашата цел е во наредните четири години да продолжиме во оваа насока со зголемување на капцитетот за дополнителни 400 мегавати фотоволтаични електрани во домашниот електроенергетски систем, со што ќе се произведе чиста електрична енергија на ниво од околу 560 гигават часови или околу 10 отсто од вкупното домашно производство. Ќе инсталираме и ветерни електрани со моќност од дополнителни 160 мегавати, истакна Бектеши.

Најави дека пролетва ќе биде објавен нов оглас за изградба на фотоволтаични електрани на приватно земјиште.

Посочи дека во изминатиот мандат беа направени клучни реформи во енергетскиот сектор, беше донесен нов Закон за енергетика со кој се направи трансформација на енергетскиот сектор согласно европските регулативи, акако и Закон за енергетска ефикасност со кој се поттикнува заштедата на електрична енергија и користење на обновливите извори на енергија. Воедно беше донесена и Старегијата за енергетика до 2040 година.

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови