Бектеши не го исполни очекувањето на Ковачевски: Не е готова анализата дали да остане летното сметање на времето

Од:

Министерството за економија не го исполни очекувањето на премерот Димитар Ковачевски до петокот минатата недела да ја заврши анализата дали да остане летното сметање на времето како мерка за штедење енергија. Владата на седница го задолжи Министерството за економија да направи анализа за евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, а премиерот Ковачевски неколкупати минатата недела изјавуваше дека одлуката околу продолжување на летното сметање на времето ќе ја донесе откако Министерството за економија ќе подготви анализа, која требаше да биде готова до петокот минатата недела.

Од Министерството немаат објаснување зошто не го испочитувале рокот посочен од премиерот Ковачевски, но нагласуваат дека на анализата се работи.

„Министерството за економија прави сеопфатна анализа во консултација со експертската јавност, надлежните институции и бизнис-секторот за тоа како би влијаело и кои би биле ефектите за промена на сметањето на времето. Кога ќе биде изготвена анализата јавноста ќе биде навремено известена “, велат од kабинетот на министерот Крешник Бектеши за „А1он“.

Министерството за економија веќе извести дека во рамки на анализата побарале мислење од Македонската академија на науките и уметностите и од Бирото за метрологија.

Премиерот Ковачевски минатата недела изјави дека има повеќе аргументи за тоа да остане летното сметање на времето, но за одлука рече дека ќе ги чека анализите од Министерството за економија. Доколку аналите покажат дека е поисплатливо да остане летното сметање на времето, на крајот на месецов нема да се прави промена на времето со враќање на стрелките на часовникот еден час наназад.

Би можело да ве интересира

Османи и Адеми кај семејството на притворениот Крешник Бекштеши за Рамазан Бајрам

Крешник Бектеши ќе дава свој исказ во Основниот суд во Кочани

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки

Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски