Бектеши: Мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи ќе продолжи до крај на февруари

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил информираше дека е доставен предлог до Владата, мерката за замрзнување цените на основните прехранбени производи да биде продолжена до крајот на февруари 2022 година.

„Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година“ напиша министерот Бектеши на својот Фејбук профил.

Владата на 4 декември 2021 година донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи на како леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, а потоа листата на производи беше проширена и со јајца, ориз и тестенини.

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука е со важност до 31 јануари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Османи и Адеми кај семејството на притворениот Крешник Бекштеши за Рамазан Бајрам

Крешник Бектеши ќе дава свој исказ во Основниот суд во Кочани

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки

Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица

А1он

„ВЕРО“ со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

Горан Наумовски

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање