Бектеши: Има можност да се врати дневната евтина тарифа на струјата, од март повисоки плати

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека има можност да се врати дневната евтината тарифа на струјата.

Како што истакна Бектеши во обраќањето на настанот по повод презентацијата на на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“, од март ќе се зголеми минималната плата.

Тој најави и дека ќе се донесат неколку административни одлуки за да се заштитат, како што истакна, најранливите категории граѓани.

-Ќе се зголемат линеарно и платите во администрацијата што ќе следи со зголемување на платите и во приватниот сектор, но, за жал, ќе се донесат и неколку административни одлуки за да се заштитат тие што се најранливи. Има дополнителна можност со новата одлука од 1 јули да се помогнат пензионерите и тие што се невработени, има можност да се врати дневната евитната тарифа на електрична енергија што ќе биде дополнитлена можност за тие што се дома во тој период од денот и на индиректен начин да бидат поддржани, рече Бектеши.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Цената на струјата се регулира не само со стапката на ДДВ, туку и со други одлучувачки параметри

Ана Ололовска

Струјата нема да поскапи, а може и да се намали уверува Бектеши

Анита Петровска Рајковиќ

Дали ќе имаме евтина дневна тарифа за струјата зависи од калкулациите на РКЕ

Во март целата потрошена електрична енергија била од домашно производство

Ана Ололовска

Неколку скопски села утре без струја

Ана Ололовска

Неколку скопски населби и села утре изутрина без струја

Ана Ололовска