Бектеши: Двојазични етикети мора да има, ДПИ ќе врши проверки

Од:

Државниот пазарен инспекторат нема да ги проверува старите етикети и амбалажи дали се двојазични, но ќе има одговорност за сите нови набавки што ќе се направат во следниот период.

Ова го најави министерот за економија, Крешник Бектеши при денешната посета на приватна компанија во Скопје.

– Во нашата држава, инспекција според Законите за потршоучвачи и за трговија, врши ДПИ. Јас имав состанок со новиот директор на Државниот пазарен инспекторат. Во дел на залихите инспекторите нема да постапат затоа што веќе се набавени реклами, амбалажи, етикети, декларации… За новите набавки сите наши трговци и компании набавките имаат задолжение да ги испечатат двојазични. Не е фер во земја како Северна Македонија да имаме на други јазици, а да немаме на српски, влашки, босански, турски и на ромски каде што се има можност. А согласно законот за употреба на јазиците, двојазични етикети со македонски и албански мора да има – рече министерот Бектеши.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана