Бектеши: Договорот за Иловица мора да биде согласно законите

Од:

Постојано сме во комуникација со релевантните институции за договорот за Иловица. Кога предметот ќе биде готов, ќе го објавиме. Работиме и ќе работиме во интерес на граѓаните. Мило ми е што за оваа тема се дискутира еден месец. Мора да видиме дали се во целост испочитувани сите членови во законите и регулативата за да одлучиме што понатаму, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по отчетот за сработеното во првите 100 дена.

Во врска со „Фени“, потврди дека платите се исплатени, а за останатото, како што истакна, до овој момент нема повеќе информации и упати на вчерашниот одговор на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Автопатот Скопје – Блаце, пак, потенцира, останува главна определба на владините економски политики зошто трговската соработка со Косово е одлична.

– Имавме многу директни средби со стопанствениците од Визбегово. Бараме решение за изградба на автопатот без да има какви било проблеми и штети врз населението и бизнисот, посочи министерот Бектеши на прес-конференција во Владата.

Би можело да ве интересира

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија