Бектеши: Цената на струјата нема да се зголеми од 1 јануари

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека од 1 јануари ќе нема зголемување на износот на фактурата за струјата за граѓаните и покрај новата методологија и новата ставка за пристап до мрежа, од којашто според него, се засегнати граѓаните кои имаат викендици, по две-три куќи или два-три стана.

Тој негира дека се компензира воведената евтина тарифа со новата ставка во фактурите заради тоа што, како што појасни, граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка се повеќе во рамки на првиот и вториот блок во потрошувачката. Тие што се во четвртиот блок, според него, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата.

Одговарајќи на новинарски прашања Бектеши рече дека енергетските компании можат да бараат и 400 и 500 отсто во делот на трошоците што ги пријавуваат и согласно тоа што планираат да инвестираат, но оти Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи колку тие трошоци ќе ги прифати.

-Дваесет и седум отсто не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и од страна на ЕВН дистрибуција и ЕВН Хоум, најверојатно нема да бидат прифатени. Цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од 1 јануари, во спротивно ќе имаат дополнителна можност со користење на евтината тарифа да им биде намалена, рече Бектеши.

Тој порача дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани.

– Во склоп на Енергетскиот совет речиси веќе една година се работи на нова методологија се со цел да се врати евтината тарифа, воедно на новите давачки, а тоа ќе тангира одредени групи граѓани кои имаат викендици, по две-три куќи, два-три стана и слично, поради тоа што во делот на наплаќање за дистрибутивната мрежа повеќе плаќаат тие граѓани кои навистина користат електрична енергија, каде што пресметката се применува врз потрошувачката и колку е користено како мрежа. Тие кои имаат викендици и користат еднаш, два пати, три пати во годината, тие кои не ги користат становите, куќите, дополни Бектеши, ќе го платат тој надомест, а за граѓаните кои навистина користат електрична енергија и имаат еден стан или куќа ќе се намали ставката за дистрибутивна мрежа. Тоа значи дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани во нашата држава, рече Бектеши.

Како што дополни, најранливите категории граѓани кои што имаат просечна потрошувачка во првиот и вториот блог, ќе плаќаат помалку во делот на електричната енергија и во вкупната сметка за струјата, имајќи ја во предвид и цената на дистрибутивната мрежа.

-Граѓаните кои имаат два-три стана, викендици или слично, тие ќе имаат фиксен надомест во текот на целата година, имајќи во предвид дека ако еднаш го користат тој простор, тие кога одат во тој стан или викендица тие имаат електрична енергија затоа ја плаќаат другите граѓани во моментот согласно постоечката методологија. За да бидам јасен, зголемување на цената во фактурите на граѓаните нема да има од први јануари согласно новата методологија, рече Бектеши.

Граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка, потенцира, се во рамки на првиот и вториот блок.

-Повеќе од 40-50 отсто од нашата потрошувачка е во тие два блока. Јас и во време на енергетска криза наведов дека не треба да субвенционираме граѓани кои имаат големи приходи и трошат колку што троши една фабрика во нивните домаќинства. Треба да го направиме спротивното, треба тие да плаќаат согласно пазарот и тоа што го трошат затоа што имаме домаќинства кои имаат станови и викендици низ цела Македонија и тие имаат електрична енергија кога одат таму, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа плаќаме секојдневно ние кои живееме во нашите домови. Евтината терифа ќе продолжи да се имплементира како мерка од страна на Регулаторната комисија за енергетика, а ставката ќе биде платена фиксно во текот на цела година, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа, тоа ќе биде намалено за првиот и вториот блок каде што влегуваат поголемиот дел, појасни Бектеши.

Тие што се во четвртиот блок, дополни, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата.

-Тоа е мојот личен став имајќи ја во предвид структурата на домаќинствата во нашата држава и кои категории граѓани имаат повеќе потреба. Која ќе биде одлуката на Регулаторната комисија за енергетика немам никакво влијание затоа што е независна. Но, ако јас се прашувам, четвртиот блок ќе биде дополнително зголемен заради тоа што тие имаат можност, а воедно и ќе може да се влијае во намалување на потрошувачката во целина што е и цел на секоја држава, особено во време на транзиција кога се преминува во инвестиции во обновливи извори на енергија, наведе Бектеши, кој учествиваше на настан по повод 10 години од основањето на Фондот за иновации и технолошки развој.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите