БДП во првото тримесечје од годинава без раст

Од:

Во првото тримесечје од годинава не е забележан раст на бруто-домашниот производ, објави денеска Државниот завод за статистика. Оттаму попладнево соопштија дека стапката на раст на БДП за првото тримесечје од 2017 година е 0.0 проценти.

Најголем пораст е забележан во секторите Информации и комуникации од 5,5 проценти, потоа во Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 2,1 процент и во Земјоделство, шумарство и рибарство од 1,1 процент.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2017 година, номинално растела за 3,1 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесувало 64,3 проценти.

Извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 12,1 процент, а увозот на стоки и на услуги бележи зголемување во номинален износ од 13,6 проценти.

Би можело да ве интересира

За кратко време ја консолидиравме економијата, индикаторите за раст на БДП се меѓу најдобрите во Европа објави премиерот

Катерина Ѓуровски

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Димитриеска-Кочоска: Растот на македонската економија за наредната година е повеќе од 3,5 отсто

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

A1on

БДП зголемен за 2,2 отсто соопшти Статистика