БДП со раст од 1,1 отсто во второто тримесечје од годинава

Од:

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2023 година е 1,1 отсто според проценетите податоци на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од годинава, поголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,6 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 5 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2023 година, номинално расте за 9,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 73,9 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2,6, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3 отсто.

Стапката на раст на БДП во првиот квартал годинава според податоците на ДЗС изнесуваше 2,1 процент. Проекциите на Министерството за финансии се дека БДП годинава ќе изнесува 2,5 отсто.

Би можело да ве интересира

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Димитриеска-Кочоска: Растот на македонската економија за наредната година е повеќе од 3,5 отсто

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

A1on

БДП зголемен за 2,2 отсто соопшти Статистика

Народна банка: Нето надворешниот долг достигна 4,32 милијарди евра

A1on