БДП на Романија бележи раст од 4,8 отсто во 2016 година

Од:

Бруто домашниот производ на Романија е зголемен за 4,8 проценти во 2016 година во споредба со 2015 година, јави Аџерпрес, повикувајќи се на податоци од Националниот статистички институт.

Во последното тромесечие на 2016 година БДП се зголемил за 4,7 проценти во однос на истиот период во 2015 година и за 1,3 проценти од претходното тромесечие.

Во 2015 година БДП на Романија забележа раст од 3,8 проценти споредбено со 2014 година.

За оваа година прогнозите за економскиот раст на Романија варираат меѓу 3,7 отсто според Светската банка и 5,2 според Националната комисија за прогнози.

Европската комисија прогнозира раст на романската економија за 4,4 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд – за 3,8 отсто во текот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија