Банкрот на британскиот авиопревозник „Монарх“, блокирани 100.000 патници

Од:

Повеќе од 100.000 патници останаа блокирани во странство, откако денеска банкротираше британската авиокомпанија „Монарх“, по што сите нивни летови се откажани.

Британската Влада и наложи на Управата за цивилен авиосообраќај да обезбеди повеќе од 30 авиони со цел да се вратат патниците во Велика Британија, во текот на следните две седмици.

На патниците кои доаѓаат во Велика Британија и Европа, утрово им било кажано дека нивните летови се откажани, а исто така се откажани и 300.000 резервации, кои се однесуваат на 750.000 патници.

Овој колапс, најголем кој го погодил британскиот авиосообраќај, се случи утрово во 03:00 часот, кога авионите биле приземјени.

Патниците кои купиле пакет-аранжмани ќе бидат вратени во Британија бесплатно или средствата ќе им бидат надоместени, но на патниците кои купиле само билет, нема да им бидат рефундирани средствата.

Повеќе од 2.100 лица од персоналот од оваа авио компанија утрово дознаа дека останале без работа, без претходно да им биде најавен можен банкрот на компанијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски