Банките во Европа во 2012 година затвориле 5.500 филијали

Од:

Банките во Европската унија затвориле 5.500 филијали минатата година или 2,5 отсто од вкупниот број. Филијалите се веќе 20.000 помалку во однос на бројот пред кризата која почна во 2008 година.

Во 2011 година беа затворени 7.200 банкарски филијали, се вели во податоци на Европската централна банка.

Банки во Европа затвораат филијали во обид да намалат оперативни расходи и да зголемат профити. Интернет-банкарството исто така влијае врз намалувањето на бројот на филијалите.

Во ЕУ остануваат 217.687 филијали или по една на 2.300 луѓе, објави ЕЦБ. Најмногу филијали се затворени лани во Грција – 219. Се очекува таа тенденција да продолжи и во 2013 година. Регистриран е зголемен број на отворени филијали во Полска (4 отсто), Чешка (2,3 отсто) и Литванија (1,8 отсто).

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Европските сили ветија безбедносни гаранции за Украина пред враќањето на Трамп на власт

Горан Наумовски