Банка на Велика Британија: Пад на вредноста на криптовалутите покажува потреба од построги правила

Од:

Централната банка на Велика Британија денеска предупреди дека неодамнешните падови на криптовалути кои збришаа повеќе од 2 билиони долари ја нагласуваат потребата од построга финансиска регулатива.

Банката соопшти дека падовите ги изложиле недостатоците на крипто-пазарите кои потсетуваат на претходните финансиски превирања.

Екстремната нестабилност на крипто-пазарите доведе до масивни продажби и интензивни падови на цените, објави банката во својот најнов извештај за финансиската стабилност.

Иако целокупната финансиска стабилност не е загрозена, банката е загрижена дека „системските ризици“ ќе растат бидејќи криптовалутите стануваат се повеќе испреплетени со поширокиот финансиски систем.

Банката повика на „подобрени регулаторни рамки и рамки за спроведување на законот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ричард Тенг за состојбата на биткоинот: Непредвидливоста на криптовалутите е привремена, ова е можност за развој и учење на пазарот

CryptoQuant открива кој е најпопуларниот избор за корисниците на криптовалути

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

ВИДЕО: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови алармира МВР

Катерина Ѓуровски

Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски