[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]„Балкан енерџи“ најави дека оние кои се приклучени на нивниот систем, а тоа се околу 55,000 домаќинства, ќе добијат пониски мсетки за парно до максимум 5 проценти, известува „Дневник“.
Тие во моментов ги прават последните пресметки за намалување на авансите, а сметки ќе бидат испорачани во текот на следната недела.
Покрај тоа, весникот информираше дека РКЕ нема намера до летниот период, кога вообичаено се прави корекција на цените за топлинска енергина, да ја намали цената на парното греење.
Компанијата извести дека од сега наместо од 21 часот, парното ќе грее до 23 часот.
„Тоа нема да влијае врз висината на сметките во никој случај. Ние само правевме експеримент со цел да се акумулира топлина и да видиме како тоа ќе се одрази врз потрошувачката“, велат од „Балкан енерџи“.