Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 9.864 лица исплати 88.108,31500 денари, субвенциии за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности.
Како што соопштуваат денеска од Агенцијата, станува збор за исплата на мерката „211 Помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност“ или попозната како ПОМ, средствата се обезбедени од Програмата за рурален развој. Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства кои вршат дејност на надморска висина поголема од 700 метри.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека ова е дополнителна мерка во кои сите земјоделци кои вршат дејност на места со ограничени можности добиваат дополнителни 15 отсто од директните плаќања по површина, грло добиток или единица производ.
Агенцијата, велат оттаму, како и досега ќе продолжи со навремена и неселективна исплата на субвенции за сите кои правно – законски ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството. Земјоделството е наша шанса, Владата, министерството и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и програми кои го развиваат агро – секторот.