Азески: Голема доблест е што премиерот ги призна грешките

Од:

Претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески по обраќањето на премиерот пред бизнис заедницата рече дека е добро што Груевски ги признал грешките но и понудил решенија за истите.

„Можеби најголема доблест во животот е човек да ги признае сопствените грешки и да понуди решение за тоа. Тоа треба да е сублимат на денешното обраќање на премиерот Груевски, кој што даде доза оптимизам за сите нас за наредната година: изградба на автопат, модернизација на пруга, вложување во нова хидроелектрична централа, гасификација на Македонија и расчистување на долговите на државата по основ на враќање на ДДВ и по основ на долговите кон компаниите до февруари наредната година.

– Овие ветувања во услови на тешка криза која се најавува и за наредната година треба да бидат силен мотивационен фактор за сите нас кои од салата ќе излеземе убедени дека можеме да и се спротивставиме на кризата и да го пренесеме тој оптимизам и кај граѓаните на Република Македонија“, рече Азески.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов