Австриската Влада предводена од конзервативците денеска објави пакет мерки вреден шест милијарди евра за ублажување на последиците што ги трпат домаќинствата поради зголемените животни трошоци.
Мерките што се предвидени за тековната година вклучуваат зголемување или дополнување различни бенефиции, вклучително и исплата на 300 евра за ранливите групи како невработените или оние со минимална државна пензија. Предвидени се и директни исплати на средства за компаниите што имаат значајни енергетски трошоци, соопшти Владата.
Како и многу земји Австрија се бори со инфлацијата што се искачи на највисоко ниво во последните децении, делумно поради покачените цени на енергенсите предизвикани со војната во Украина. Речиси 80 отсто од потрошувачката на природен гас во Австрија се покрива со увоз од Русија.
Владини претставници пред медиумите појаснија дека со мерките е вклучена особено скапата ставка: отстранување на таканаречената „ладна прогресија“ за оданочување на физичките и правните субјекти согласно примањата, според кога се случува даночните обврзници да се префрлаат во категориите за кои важат поголеми оданочувања на доход, а во услови на раст на платите и на инфлацијата.
Австрискиот министер за финансии Магнус Брунер рече дека со мерките нема да се покриваат највисоките даночни групи.
Мерките планирани за оваа година предвидуваат зголемување на таканаречениот „климатски бонус“, за да се ублажи влијанието од новиот данок на емисија на јагледорни гасови, што ќе ги покачи цените на артиклите, вклучително и на бензинот.
Бонусот ќе се зголеми на 200 до 250 евра по лице, во зависност од локацијата. Тоа ќе реализира преку посебна исплата која не е означена како климатски бонус, исто така од 250 евра годишно, соопшти Владата.
Истовремено, воведувањето данок на емисија на стакленични гасови од јули се одложува за октомври.