АВРМ: Стечајците може да поднесат барање за надомест од државата

Од:

Стечајните работници опфатени со новиот Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата може да поднесат барање со кое ќе користат месечен надомест.

Законот веќе е објавен во Службен весник на Република Македонија и, како што информира денеска Агенцијата за вработување, сите заинтересирани лично треба да поднесат барање до надлежните центри за вработување кадешто се евидентирани.

Рокот за поднесување на барањата е една година, односно до 19 септември следната година.

АВРМ напоменува дека при поднесување на барањето, заинтересираните лица треба да имаа само лична карта на увид, без дополнителна документација. Агенцијата за вработување ќе ги набави сите потребни документи по службена должност од надлежните институции.

Со ова се овозможува околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 7.596 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето плата минатата година. Годишно за таа намена од Буџетот на АВРМ ќе бидат обезбедени 300.816.000 денари.

Надоместот може да го користат невработени на возраст од најмалку 52 години (жени) и 55 години (мажи) со најмалку 15 години стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата, а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава.

Лицата треба да имаат остварено право на паричен надомест по 1 јануари 1995 година, а по остварувањето на правото на паричен надомест да не биле вработени на неопределено време, односно работниот однос да не им престанал по нивна волја и вина.

Би можело да ве интересира

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Шахпаска: До ноември реализирани 85% од Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување

А1он

Владата усвои стратегија за вработување која предвидува стапката на невработеност да падне на 11%

А1он

(ВИДЕО) Шахпаска: Законот за стечајците е усвоен, обезбеден е надомест од 9.242 денари, стечајците кои ги исполнуваат условите да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

МТСП: Стечајните работници кои ги исполнуваат условите за надомест со новиот Закон да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надомест од 9.242 денари

Ана Ололовска