Авионите на „Рајан Ер“ ќе летаат побавно за да штедат гориво

Од:

Нискобуџетната авионска компанија „Рајан Ер“ соопшти дека на сите пилоти им е наредено да летаат побавно, за да штедат гориво.

Ваквата одлука е донесен по дополнителното оданочување на авионското гориво, што сега е поскапо за шест отсто. Авионите на оваа компанија ќе додаваат по две минути на секој час летање, со што на ниво на целата флота ќе се постигне намалување на потрошувачката на гориво за 15 отсто.

Претставник на компанијата, која е популарна во Европа поради нејзините ниски цени и најчесто се користи за патувања на одмор или за кратки туристички посети во популарните европски дестинации, изјави дека намалувањето на брзината и продолжувањето на летот нема да ја загрози безбедноста на авионите на „Рајан Ер“ и на патниците.

Сопственикот на компанијата Рајан О’Лири тврди дека освен оваа „принудна мерка“ потребни се уште напори за да се покрие падот на профитот во оваа година од една петина.

О’Лири настојува своите авиони сега да ги претвори и во „летечки рекламни билборди“ нудејќи ги кабините на леталата, како и трупот на авионите за поставување реклами. Според овој познат ирски бизнисмен, неговата авиокомпанија му ги нуди на бизнисот патничките авиони, како „најголем и најевтин рекламен медиум“.

„Рајан Ер“ тврди дека зголемената цена на горивото предизвика опаѓање на неоданечниот профит за цели 21 отсто. Компанијата стравува дека намалувањето на профитот ќе продолжи и натаму, откако топлотниот бран во Европа предизвика намалување на резервациите преку интернет.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран