Авиокомпанијата Рајан Ер планира да го поврзе Скопје

Од:

По успехот со воведувањето субвенционирани летови преку нискобуџетната унгарска компанија Виз Ер од аеродромите во Скопје и Охрид, доаѓа најава дека и Рајан Ер, водечката европска и светска авио-компанија, ќе ја стави Македонија на својата мапа.

– Водиме разговори со македонската Влада за воведување летови до Скопје, изјавил Робин Киели, директор на одделението за односи со јавноста на Рајан Ер, за Екс-Ју Авијација, интернет страница специјализирана за следење на вестите од авиосообраќајот на Балканот.

Рајан Ер е најголема авиокомпанија во Европа и најголема компанија според бројот на пренесени патници во светот и беше пионер во воведувањето евтини авионски летови, првин меѓу помалку користените аеродроми во Европа, а денес поврзува 30 европски држави. Според веста, Рајан Ер разговарал со македонските власти за воведување поголем број летови од Скопје, кои, слично како во договорот со Виз Ер, би биле субвенционирани од Владата.

Во веста се наведува дека аеродромот Александар Велики во Скопје забрзано станува главен центар за нискобуџетните авиокомпании во регионот и особено се очекува да доживее подем во текот на јули, со воведувањето на новите пет линии на Виз Ер. Во веста се проценува дека скопскиот аеродром ќе го повтори успехот од минатата година, кога имаше пораст на бројот на патниците за 22 проценти, и годинава ќе забележи пораст од дури 25 проценти.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран