Авиокомпанијата Емирати првпат регистрира загуба од 4,5 милијарди евра

Од:

Авиокомпанијата од Дубаи, Емирати денеска соопшти дека првпат во 30 години забележала загуба од 4,5 милијарди евра на годино ниво поради рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19.

– Поради ограничувањата на летовите и патувањата поради пандемијата, авиокомпанијата минатата година забележа загуба од 20,3 милијарди дирхами (повеќе од 4,5 милијарди евра), по добивка од 1,1 милијарда дирхами (скоро 247 милиони евра), соопшти Емирати.

Авиокомапнијата Емирати поради пандемијата ги суспендира летовите во пролетта во 2020 година при што регистрира пад на приходите од 66 отсто.

Во текот на изминатата фискална година, што заврши во март, Емиратите превезоа 6,6 милиони патници, што е за 88 проценти помалку од претходниот период, од март 2019 до март 2020 година.

Поради тоа, првпат во сите сектори на компанијата уследија откази, а бројот на вработени е намален за 31 процент. Емирати сега имаат 75.145 вработени.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран